Досега необјавено видео: Погледнете го моментот кога започнала тепачката во клубот на Закинтос

Пишува: Точка

Грчките медиуми денес објавиле уште една снимка од клубот на Закинтос, на која се гледа моментот кога започнала кобната тепачка во која настрадал Американецот Бакари Хендерсон.

На снимката се гледа моментот кога дошло до инцидентот.

Веднаш по инцидентот биле уапсени 9 лица, од кои 7 биле Срби.

Меѓутоа, семејствата на уапсените момчиња тврдат дека тамошните власти не ги уапсиле двајцата одговорни за убиството на 22-годишниот Американец, и дека сакаат да ги жртвуваат нивните деца. 

“Го видов син ми во притвор, се колне дека не направил ништо. Сите деца се исплашени и не сакаат да одговараат за нешто за што не се виновни”, вели Ранко Илиќ, татко на еден од уапсените.
"Не можат да ги најдат двајцата напаѓачи кои се директно одговорни за убиство на Американецот, па сега се обидуваат да ги наместат нашите деца, кои не учествувале во тепачката, а некои од нив се обиделе и да го одбранат нападнатиот Американец", додал тој.

No comments

Powered by Blogger.