Шефот на руската дипломатија порача: Не прифаќаме Северна Кореја да располага со нуклеарно вооружување, развиваме план заедно со Кина

Пишува: Точка

Сергеј Лавров порача дека Русија не ја прифаќа Северна Кореја како земја која што ќе располага со нуклеарно вооружување и откри дека заедно со кинеските власти работат за план за „двојно замрзнување“.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров порача дека Русија не ја прифаќа Северна Кореја како земја која што ќе има контрола над нуклеарно вооружување.

Истовремено, додека тензиите на Корејскиот полуостров растат, а од Пјонгјанг и од Вашингтон речиси секојдневно пристигнуваат опасни акани, шефот на руската дипломатија порача дека се надева дека на крајот ќе победи здравиот разум.



„Русија и Кина заедно развиваат многу паметен план кој што предлага „двојно замрзнување“ - Ким Јонг Ун треба да го замрзне изведувањето на нуклеарни и сите видови на тестови на балистички ракети, додека САД и Јужна Кореја ќе мора да го замрзнат одржувањето на големите воени вежби кои што служат како повод за тестирањата на Пјонганг“, изјави Лавров.

Шефот на руската дипломатија истовремено потсети дека Северна Кореја била земја потписник на Договорот за не-пролиферација, но од тој договор властите од Пјонгјанг се повлекле.



„Северна Кореја сега тврди дека има легално право да поседува нуклеарно оружје - и го поседува. Но, го знаете нашиот став во врска со тоа прашање: Не ја прифаќаме Северна Кореја како земја која ќе располага со нуклеарно вооружување“, изјави Сергеј Лавров.

No comments

Powered by Blogger.