Зидан уште еднаш ја покажа својата класа: Македонијо, ти благодариме!

Пишува: Точка

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не го криеше своето задоволство од новиот трофеј кој што го освои неговата екипа во Скопје, а не пропушти ниту да упати благодарност за гостопримството на сите во Македонија.

Европските шампиони со головите на Касемиро и Иско славеа против Манчестер Јунајтед на „Телеком Арена“ во Скопје и ја освоија четвртата титула од европскиот Суперкуп.

Реал Мадрид со вечерашната победа може да се каже дека на најдобар можен начин ја отвори новата сезона, а Зинедин Зидан продолжува да го импресионира светот и да го зголемува бројот на освоени титули во неговата релативно „млада“ тренерска кариера.

„Одлично ја почнавме новата сезона. Тајната на нашиот клуб се тимот и луѓето кои што работат тука“, изјави легендата на францускиот фудбал и тренер на Реал Мадрид.

„Што се однесува до престојот во Македонија - тој беше исклучително пријатен. Стадионот е величенствен, а луѓето беа премногу љубезни. Реал Мадрид им е многу благодарен за тоа“, изјави Зинедин Зидан.

No comments

Powered by Blogger.