Се стега ременот: Разрешени над илјада лица од платниот список на државата, скратен буџетот на собранието и буџетот на претседателот Иванов

Пишува: Точка

Одлуката на Владата да ги разреши сите членови на управни и надзорни одбори со еден потег е најголема одлука за смена откако е сменета власта.

Според достапните информации, станува збор за смена на повеќе од 800 членови на овие тела, или попрецизно 720 членови на управни одбори на компаниите и 160 други во надзорните одбори. Покрај тоа, има околу 160 луѓе во одборите на директори, како и дополнителни 400 кои членувале во разни комисии. Сумирано бројката веројатно е помала, бидејќи едни исти луѓе членуваа во повеќе одбори и комисии, така што позициите се толку, но привилегираните што ги добиле помалку.

Назначувањата на новите членови на управни одбори, кои потоа треба да ги назначат директорите на институциите и компаниите во кои државата има влијание ќе оди етапно и се очекува да започне од идната недела.

Од Владата денес соопштија дека тие се разрешени со цел да се спречат понатамошни штети по Буџетот од неодговорното однесување на дел од членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, за кои постојат информации дека биле потпишувани штетни менаџерски договори со астрономски надоместоци.

Со ребаланс на буџетот се кратат и средствата за Собранието за 600 илјади евра, со што е намален од 9,9 милиони на 9,3 милиони евра.

Ќе се скрати и буџетот на претседателот на Република Македонија за 95 илјади евра.

No comments

Powered by Blogger.