Првата жртва на најопасниот аеродром на светот: Туристка загинала додека гледала како полетува авион

Пишува: Точка

Жената која го гледала полетувањето на авионот била одвеана од удар на воздухот.

На аеродромот "Принцеза Јулијана" во карипскиот Сент Мартин, кој се гордее со една од најнеобичните, но и најопасни писти во светот, загинала една туристка.
Жената која го гледала полетувањето од аеродромот била одвеана од ударот на воздух при полетувањето на авионот. Иако 57-годишната жена од Нов Зеланд била веднаш пренесена во болница, таа поради тешките повреди на главата починала.
Иако туристите веќе со години доаѓаат да го гледаат полетувањето на авионите, ова е прв пат некој смртно да настрада. 
Аеродромот во Сент Мартин е познат по тоа што е еден од најопасните на светот, не за патниците, туку за гледачите. 
На крајот од пистата има јавна плажа, а од другата страна планини. Авионите, вклучувајќи ги и огромните патнички авиони, и приоѓаат на пистата летајќи ниско над полната плажа. Туристите ги привлекува можноста да пријдат блиску до пистата и да го фотографираат полетувањето и слетувањето на авионите. Снимките од опасните слетувања често кружат на социјалните мрежи, исто како и фотографии од туристи кои се сончаат и пливаат додека во позадина авионите пристигнуваат на аеродромот.

Меѓу плажата и аеродромот има јавна магистрала. И покрај знаците за предупредување да не се доближуваат до пистата, туристите сепак приоѓаат. Понекогаш се фотографираат и со знаците.



Новинарката на Independent, Синтија Дрешер, вели дека со самото приоѓање до пистата, знаете што ве чека.

"На секаде има огромни знаци кои предупредуваат на удари", вели таа.

No comments

Powered by Blogger.