Скандалот и натаму во центарот на вниманието: Дали руската адвокатка и синот на Трамп нешто кријат?

Пишува: Точка

Приказната околу состанокот на Трамп Помладиот и руската адвокатка се комплицира - таа тврди дека сето тоа е оркестрирано, но нејзината приказна не е баш веродостојна.

Руската адвокатка Наталија Веселинцкаја околу која настана скандалот откако американските медиуми открија дека за време на минатогодишната кампања за претседателски избори се сретнала со синот на Трамп, Доналд Трамп Помладиот, за наводно да разговараат за некои компромитирачки материјали за кандидатката на Демократите, Хилари Клинтон.

Многу американски медиуми пишуваат дека ова е доказ за заговорот на Трамп со Русите и дека токму Русите биле вмешани во американските претседателски избори, но синот на Трамп се брани и тврди дека не му било кажано ништо за време на состанокот, а руската адвокатка воопшто не отворила таква тема на разговор.



Сепак, приказната има „дупки“ - најпрвин тој тврдеше дека на состанокот присуствувале вкупно четири лица, но одредени извори сега откриваат дека на состанокот присуствувале и до осум лица.

Од друга страна, адвокатката Веселинцкаја во разговор за руската новинска агенција "Russia Today", тврди дека целиот скандал бил оркестриран од лобистот за законот Магнитски, Вилијам Браудер.

„Подготвена сум да ја појаснам оваа ситуација која што предизвика масовна хистерија, но само со адвокат или со давање на исказ пред американскиот Сенат“, изјави Веселинцкаја истакнувајќи дека споменатиот Браудер, претседател на инвестициската компанија "Hermiage Capital" бил „врвен медиумски манипулатор“.

Таа тврди дека токму Браудер ја оркестрирал кампањата на дезинформации како одмазда за поразот на суд во 2013-та година против тимот на адвокати каде што се наоѓала и таа.

Сепак, може да се каже дека после интервјуто на Веселинцкаја, ситуацијата околу нејзината средба со Доналд Трамп Помладиот уште повеќе се продлабочи и се искомплицира и сигурно дека ќе му зазаде нови бројни главоболки на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација.

No comments

Powered by Blogger.