Хит на интернет: Роналдо се запозна со легендарните македонски влечки

Пишува: Точка

Како што можеше да се очекува, видеото на кое се гледа како Кристијано Роналдо имаше проблематично приземјување на „Филип Втори“ предизвика многу комични реакции на социјалните мрежи, но напоредно со споменатото видео кое се појави во јавноста, вирален хит стана и една фотографија од тренингот на Реал Мадрид.

Големата португалска ѕвезда го одработи тренингот на Зинедин Зидан и како опција плус влегува во калкулациите на Зизу за Суперкуп натпреварот, но она што посебно ги насмеа сите фудбалски фанови е една сцена која ни доаѓа од тревникот на најдобриот и најпознатиот македонски стадион.

Роналдо остана зачуден од стајлингот на еден од луѓето задолжени за организација крај тревникот, а каква беше реакцијата на Роналдо при соочувањето со легендарните македонски влечки погледнете во продолжение…

No comments

Powered by Blogger.