Мистериозна појава на небото ја кренала Британија на нозе: Никој не знае да објасни од каде се нашло тоа на небото

Пишува: Точка

Жителите на британскиот град Биркеншоу на небото виделе огромен црн прстен од непознато потекло.

На почетокот сведоците се согласиле дека црниот прстен го добил својот облик поради пожар. Меѓутоа, пожарникарите соопштиле дека во околното подрачје немало пожари.

Потоа жителите се обратиле во метеоролошката служба, а нивните експерти исто така не можеле да ја објаснат природата на овој феномен.

Уфолозите веднаш во мистериозниот прстен виделе сонда од вонземјани која, наводно, ја следи Земјата. Исто така, се појавила верзија за портал во паралелен свет.

Ова не е прв случај на појавување на вакво нешто. Сличен објект бил снимен на 27. април 2016. година на небото над Дизниленд во Калифорнија.

Во 2015. година се појавиле кадри со црн прстен од чад со дијаметар од околу 100 метри, како плови на ведрото небо над казахстанскиот град Шортанди, на околу 50 километри северно од Астана. Прстенот бил на небото 15-тина минути пред да исчезне.

Во април истата година ваков прстен бил снимен во Новосибирск.

Интересно е дека истиот ден како во Британија, нешто слично се појавило и на небото над Кејп Џирард во американската држава Мисури.

Локалната полиција, која добила илјадници повици од граѓаните, на фејсбук објавила дека истрагата е во тек.

No comments

Powered by Blogger.