Страшна сцена од земјотресот во Бодрум: Дете во количка за малку ќе било прегазено од стампедо луѓе кога започнал хаосот

Пишува: Точка

Кога започнал земјотресот во Бодрум настанала и општа паника.

Земјотресот кој утрово го погодил брегот на грчките и турските летувалишта е главна тема на светските медиуми. Потресот со јачина од 6,7 степени според Рихтер предизвикал голема материјална штета, посебно на грчкиот остров Кос, каде загинале две лица. Околу 450 луѓе биле повредени. а снимките кои доаѓаат од самото место ќе ви ја замрзнат крвта во вените.


Еден таков бил снимен на Бодрум во Турција. Луѓето седеле во кафуле, кога наеднаш започнал силниот земјотрес.

На надзорните камери се гледа дека моментално настанала паника и дека голем број туристи тргнале кон излезните врати за побрзо да побегнат.

Додека бегале прескокнувале една количка во која седело мало бебе, а која стоела веднаш до масата каде седела мајката.

Малку фалело стампедото од преплашени луѓе да го прегази детето, но за среќа еден маж ја земал количката и ја извадил надвор на безбедно.

Кога доаѓа до вакви ситуации, кога кај луѓето проработува инстинктот за преживување - секој гледа да се спаси себеси.

Во тој момент не се размислува рационално, не се води сметка за тоа што се случува околу нив, па со самото тоа нема да обратат внимание дали го повредиле бебето.

No comments

Powered by Blogger.