Кога и како ќе ја запознаете сродната душа?

Љубовта на нашиот живот се обидуваме да ја пронајдеме на сите можни начини – на улица, во кафулиња, преку интернет. Ама, каде се крие? И кога ќе се појави?

Пишува: Црнобело


Сте се запрашале ли некогаш кое место и време, всушност, се најдобрите за пронаоѓање на љубовта? Доколку одговорот е да, тогаш не сте единствените.

Статистичарите, научниците, социолозите и експертите за љубовни врски – сите од нив се љубопитни кога е оваа тема во прашање.

Како резултат на тоа, постојат и голем број на спроведени истражувања, а кои се обидуваат да го дадат одговорот на нималку едноставното прашање.



Статистички гледано, еве што говорат податоците од досега направените истражувања, во однос на тоа кога ќе се запознаете, но и каде најверојатно ќе ја пронајдете особата со која ќе завршите во брак:

Просечната жена ќе го запознае својот иден сопруг со 25 години, додека мажите својата сродна душа ќе ја сретнат малку подоцна, кога ќе наполнат 28 години.



Најголем број од луѓето ја запознаваат својата „подобра половина“ преку заеднички пријатели.

Околу 38 % од врските започнуваат при запознавање на пријателите на пријателите, додека 22% од љубовните односи се создаваат во некакво социјално окружување.



Воедно, истражувањата проучиле и како врските се развиваат после првата средба. Од врските кои процветале, половината од нив започнале како платонско пријателство.

Во потрага сте или веќе ја пронајдовте својата сродна душа?

No comments

Powered by Blogger.