Ердоган „го протера“ Дарвин од училиштата: Исфрлена е теоријата за еволуцијата, а џихадот е прогласен за патриотска војна

Пишува: Точка

Турција ја објави новата училишна програма во која што теоријата за еволуцијата на Чарлс Дарвин воопшто не смее да се споменува во учебниците - се до универзитетското ниво.

„Теоријата за еволуцијата е над нивото на учениците и не е директно поврзана со училишната програма, така што таа теорија сега е надвор од таа програма“, изјави пред новинарите турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз.

Јилмаз откри дека новата програма ќе стапи на сила на почетокот на училишната 2017-2018 година.




Турската јавност е поделена по ова прашање, а претседателот на синдикатот на вработените во образованието, ги опиша ваквите промени како огромен чекор во погрешен правец и обид да се избегне „раѓање на една генерација која што поставува прашања“.

Новата училишна програма исто така ги обврзува верските училишта џихадот да го опишуваат како „патриотски по дух“, наместо да го преведуваат како досега - „света војна против непријателите на Исламот“.



„Исто така, наша должност е да го исправиме тоа што се смета за погрешно. Поради тоа, часовите по исламски закон и основната верска лектира ќе ги опфатат и лекциите за џихадот“, заклучи турскиот министер Јилмаз.

No comments

Powered by Blogger.