Северна Кореја го објави планот за напад на Америка: Еве која е првата мета на балистичките ракети

Пишува: Точка

Севернокорејските власти денес го претставија деталниот план за лансирање на балистички ракети во водите околу американскиот остров Гуам на Пацификот.

Севернокорејските власти во најновото соопштение открија дека нивните планови за лансирање на четири балистички ракети од среден домет „Хвасонг-12“ во правец на островот Гуам се при крај.

На овој остров кој што е од големо значење за Соединетите Американски Држави на Пацификот, се наоѓаат две големи бази на американската армија каде што се сместени околу 7 илјади американски војници, а вкупната популација на островот е околу 160 илјади жители, пренесува новинската агенција „АП“.



Севернокорејскиот план, кој што подразбира балистичките ракети да удрат во водата на 30 или 40 километри од брегот на Гуам, идната седмица ќе му биде претставен на лидерот на државата, Ким Јонг Ун, кој што потоа ќе донесе одлука за следните чекори.

Јапонските и јужнокорејските власти веднаш реагираа и ветија дека ќе има силна реакција доколку Пјонгјанг продолжи со развивање на планот за напад на американскиот остров Гуам.



Новинската агенција „АП“ оценува дека таквиот потег на Пјонгјанг ќе ги примора Американците да ги пресретнат и уништат севернокорејските ракети, а едно такво сценарио, речиси сигурно ќе ја запали целата ситуација на Корејскиот полуостров.

No comments

Powered by Blogger.