Русите загрижени: НАТО не само што ја зголемува присутноста во близина на нашите граници, туку се подготвува и за војна

Пишува: Точка

Рускиот постојан претставник во НАТО Алијансата порача дека овој воен сојуз не само што ги зголемува своите активности во близина на руските западни граници, туку НАТО се подготвува и за потенцијална војна на тој терен.

Александар Грушко, рускиот постојан претставник во НАТО, изјави дека Алијансата намерно предизвикува страв и шпекулации околу големите, предстојни руски воени вежби „Запад 2017“ за да си даде повод и да го оправда зајакнувањето на својата воена присутност во источна Европа.



„Многу работи се споменуваат во врска со воените вежби „Запад 2017“, а НАТО сето тоа го користи за испраќање на оружје и воена опрема на истокот на Европа. Кога зборуваме исклучиво за воени активности, НАТО Алијансата на овој простор ќе одржи дури 15 воени вежби од јули до ноември оваа година“, истакна Грушко.

„Зголемената активност на НАТО Алијансата е дел од широката стратегија за доведување на воената инфраструктура на НАТО во близина на нашите граници. На нам ни е јасно дека ова не е само зајакнување на воената присутност - ова е подготовка за потенцијална војна“, порача Грушко.

No comments

Powered by Blogger.