Луксузни автомобили, милиони на сметка, вила во Америка: Шокантно сознание за животот на будистичките монаси

Пишува: Точка

Лошото однесување на монасите не е необично на Тајланд.

На интернет во 2013. година се појавила снимка на која јасно се гледа како будистичкиот монах Вирапол Сукфол седи во луксузен авион и разменува скапоцени предмети со своите колеги. Тајландската полиција кратко потоа открила дека нивниот монашки живот е спротивен од очекуваното.

Полицијата пронашла најмалку 5 милиони евра на 10 различни банкарски сметки, како и докази за купување на 22 мерцедеси.

Вирапол изградил вила на југот на Калифорнија, поседува голема куќа во својот роден град и нарачал да му направат голема реплика од кипот на Буда, која што, како што се фалел самиот, е направена од девет тони злато.

Постојат докази, тврди полицијата, и за сексуални врски со бројни жени од кои една тврди дека Вирапол и направил дете кога имала само 15 години, што било докажано и со ДНК тест.

Вирапол во меѓувреме побегнал во САД, а на тајландските власти им биле потребни 4 години да го обезбедат неговото екстрадирање. Тој ги демантира обвиненијата за измама, перење пари и силување.

Многумина се прашуваат како овој монах стекнал толкаво влијание во раните 20-ти години, и како му е дозволено да ги крши будистичките заповеди според кои монасите треба да живеат.

Имено, монасите не би требало ни да допираат пари, а сексот е строго забранет.

Лошото однесување на монасите не е ништо необично на Тајланд. Многумина станале премногу богати, консумираат дрога, уживаат во сексуални односи, и притоа не бираат дали со машко или женско, момче или девојче.

Изгледа дека истиот тренд го зафатил и Вирапол. Во сиромашната североисточна провинција Сисакет дошол на почетокот на 2000-тите години и кренал самостан на донирана земја во селото Бан Јанг. Но, таму доаѓале само неколку мештани, бидејќи биле пресиромашни да понудат великодушни донации какви што очекувал Вирапол.

За да привлече побогати луѓе од други делови на државата, Вирапол почнал да одржува разни свечености, да продава талисмани, па изградил и реплика од статуата на Буда.



Верниците велеле дека ги привлекувал неговиот нежен и топол глас и неговите тврдења дека поседува моќ да оди по вода и да комуницира со божеството.

За возврат, Вирапол им давал великодушни подароци на моќниците во тој регион - многу автомобили биле купени како подароци за важните монаси. Многу верници и натаму се колнат дека во срцето е добар човек.

По низата скандали, луѓето отворено зборуваат за кризата на будизмот на Тајланд. Владата сега вовела закон кој бара од храмовите кои добиваат 3-4 милијарди долари секоја година во донации да објавуваат податоци за финансиите. Исто така се зборува и за воведување на нови дигитални лични карти за монаси.

No comments

Powered by Blogger.