Епохално откритие на научниците за настанокот на човечкиот вид

Пишува: Точка

Луѓето настанале од материја којашто патувала милијарди километри од други галаксии, се наведува во најновата студија.

Се' околу нас е материја, па и самиот Млечен пат. Сепак, научниците сега дошле до сознанија дека и Млечниот пат настанал од “екстрагалактичка материја”. Научниците користеле компјутерски модели како би дознале како материјата од којашто сме создадени, но и која не' опкружува, успеала воопшто да пристигне во нашата галаксија.

Експлозијата на супернова исфрла огромни количества материи, ширејќи ги долж целиот универзум, а во што помагаат и силните галактички ветрови.

Тоа значи дека истата таа материја од којашто сме создадени ние, веројатно својот живот го започнала многу порано, и многу, многу далеку, пред да започне да се пренесува низ универзумот.

- Земајќи го предвид фактот дека дел од материјата од којашто сме создадени ние доаѓа од други галаксии, можеме да се сметаме себе си за екстрагалактички мигранти, изјавил Данијел Англе-Алказар, астрофизичар.


- Многу е веројатно дека материјата од Млечниот пат се наоѓала и во други галаксии, а дека ја пренесувал силен ветер, за потоа да пронајде свој нов дом токму во нашата галаксија.

Интергалактичкиот трансфер е од поново време дефиниран феномен којшто и тоа како може да го промени нашето досегашно знаење во врска со создавањето на галаксиите. Истражувањето покажало дека материјата се селела од помали галаксии кон поголеми, како што е нашиот Млечен пат, за тука да се “вдоми” и да започне да “создава”.

No comments

Powered by Blogger.