Правило на пирамида: Трик кој го користат сите жени со стил

Пишува: Точка

Ова едноставно модно правило се состои од шест нивоа, а секоја жена со стил знае дека во тие комбинации се крие формулата за совршен изглед.

Правилото на пирамида го следат сите жени со стил, бидејќи на тој начин тие ги пронаоѓаат вистинските парчиња облека за секој дел од денот. Во продолжение, погледнете од што сè треба да се состои Вашиот ормар.

1. Основни парчиња облека

Под основни парчиња спаѓа онаа облека која одговара со поголемиот дел од гардеробата. Тоа се на пример класичните блузи, црните панталони, белата кошула, обичните памучни маици, фармерки итн. Ваквиот тип на облека треба да опфаќа 35% од Вашиот ормар.

2. Кежуал облека

Облеката како што се кежуал маичките и патиките треба да сочинува 20% од Вашиот ормар. Тоа се облека и обувки кои ги користиме доста често.

3. Деловен изглед

Класичниот фустан на преклоп или сакото се одличен избор со кој можете да го потполните својот гардеробер. Таквиот вид на облека кој можете да го користите за деловни прилики треба да опфаќа 20% од Вашиот ормар.




4. Сезонски работи

Четвртото ниво на пирамидата ги опфаќа сезонските работи како што се костимите за капење, зимските капути, сандалите итн, кои треба да опфаќаат 10% од Вашата гардероба.

5. Вечерно излегување

Облеката за вечерно излегување како што се коктел фустаните или чевлите на високи потпетици би требало да сочинуваат 10% од Вашата гардероба.

6. Модни додатоци и накит

Модните додатоци и накитот, како што се обетките и ремените се наоѓаат на врвот од пирамидата, а истите би требало да опфаќаат 5% од Вашиот ормар.

No comments

Powered by Blogger.