На колку години ќе стапите во брак според хороскопот?

Ако сте во долга врска, сигурно веќе многупати блиските ве „тормозеле“ на тема брак и ви кажувале дека веќе е редно време да правите свадба.



Или пак, ако долго време сте сингл, најверојатно ве тешат со тоа дека вистинското момче/девојка постои и некаде чека на вас.

Сепак, секој за себе знае најдобро и тоа кај секој е различно. Некој е подготвен во 20-тите, некој во 30-тите, а некој дури и во доцните 50-ти.

Но, оние кои веруваат во ѕвездите и во тоа што им е „пишано“, сега може да проверат кое е идеалното време за свадба според хороскопскиот знак.

Овен

Овните се диви, со силна волја и незапирливи. Тие сакаат да уживаат во моментите и да бидат спонтани. Брзо се нервираат кога чекаат и избрзуваат со одлуките. Можно е да ја измешате страста со љубовта. Забавете и почекајте да излезете од 20-тите за да се врзете за некого.

Бик

Биковите се приземни, сакаат сигурност и стабилност во животот и врските. Според тоа, нормално е да сакате да чекате додека да го најдете вистинскиот партнер кој ќе ви ги понуди овие работи. Ако веќе сте го постигнале тоа во животот, слободно венчајте се млади. Нема да зажалите, напротив, тоа ќе ве направи позрела личност.

Близнаци

На луѓето родени во знакот на Близнаци им е тешко да носат одлуки поврзани со посветеност и врзување. Сепак, сакате врски и ја обожавате забавата која тие ја носат, но презирате досадување. Затоа најдобро е да се венчате подоцна, дури после 30-тите години. Така ќе имате шанса да поживеете и да се смирите.

Рак

Ја обожавате идеата за брак и семејство, но сигурноста ви е од клучно значење. Лесно можете да запознаете некого, да се заљубите, да се чувствувате сигурно и да ја крунисате љубовта. Уживате во процесот на создавање семејство и грижење за истото. Тоа ве прави најсреќни, па затоа не се плашете да се венчате млади. Ќе успеете ако ја најдете вистинската личност.

Лав

Како Лав, имате високи стандарди и сакате да бидете третирани како крал/ица. Не сакате често менување на партнери, па ако го најдете вистинскиот, брзо ќе се навикнете на заеднички живот. Сепак, бидејќи сте прибирливи, може подолго да трае процесот на избор на вистинската личност. Сакате добро да го одберете човекот со кој ќе го поминете животот, па земете си го потребното време.

Девица

Посветени сте на целите во врската, како на сѐ во животот. Знаете како да ги остварите своите желби, па затоа ви одговара да се венчате млади. Знаете на кого треба да му верувате и ќе можете да одберете со кого треба да бидете. Понекогаш бракот го ставате зад работата, но свесни сте за своите постапки.

Вага

Вашиот знак практично е претставник на бракот. Ја обожавате помислата на брак и поради ова е можно да се венчате млади. Но може да се случи да немате доволно време добро да го промислите сето ова, па затоа најдобро е да не се венчате млади, ако не сакате да заврши лошо. Бидете трпеливи додека не се појави вистинската личност.

Скорпија

Страствени сте, интензивни и посесивни. Сепак, може да се најдете на средина помеѓу две крајности – од една страна можете силно да се поврзете со партнерот, а од друга, можете многу брзо да го прекинете тоа. Тоа можеби се должи на вашите несигурности и проблеми со довербата. Ако поработите на тоа, ќе имате среќен брак на секоја возраст.

Стрелец

Жедни сте за слобода и сакате да направите вистински промени во светот. Поради тоа не сакате да бидете врзани со семејни обврски. Ретко се случува Стрелците да стапат во брак на млади години, освен ако не најдат некој кој ќе им ја овозможи потребната слобода. Затоа подобро е да се венчате подоцна, кога вашите цели ќе бидат веќе остварени и ќе се фокусирате на бракот.

Јарец

Посветени сте на кариерата, но не се плашите од обврски. Помислата на брак не ве заплашува. Напротив, ја гледате како чекор напред кон животот и остварување на вашите цели. Можно е да одлучите да стапите во брак во раните 20-ти и ќе бидете среќни благодарение на вашата лојалност и посветеност.

Водолија

Водолијата има потреба од слобода и ќе направите сѐ за таа да трае што подолго. Но, исто толку ви е потребна и сигурност. Па затоа, иако бегате и го оддолжувате бракот, ако ја најдете вистинската личност која ви одговара и ве разбира вас и вашата потреба за слобода, можно е да се обврзете на секоја возраст.

Риби

Вие сакате да сонувате и склони сте кон фантазирање и живеење во имагинарен свет. Потребен ви е некој кој трпеливо ќе ве чека да излезете од вашиот замислен свет, па затоа не е веројатно дека ќе стапите во брак млади. Сакате долготрајна поврзаност со партнерот, а младите партнери тешко дека ќе ја разберат вашата фантазија.

No comments

Powered by Blogger.