Вака изгледа Мосул ослободен од џихадистите: Слобода, по три години пекол

Пишува: Точка

Ирачкиот премиер Хајдер Ал-Абади вчера во Мосул ја прогласил победата над екстремистите на ИСИС, по девет месеци тешки борби за тој град на северот на Ирак.


Во обраќањето од малата база во стариот дел на Мосул, каде борбите се водат веќе со денови, Ал-Абади рекол дека ирачките сили оствариле победа благодарение на "крвта на ирачките маченици".
Падот на Мосул практично го обележува крајот на ирачкиот дел на калифатот на ИСИС, кој ја вклучува и сириската територија. Сепак, ИСИС и натаму контролира територија западно и јужно од градот.
Тој претходните денови прогласувал победа иако судирите уште траеле, а вчера го посетил Мосул за им честита на ирачките војници.

Неколку часа пред неговото вчерашно обраќање борбите уште траеле и не било познато дали и последните екстремисти се поразени.



Меѓународната коалиција под водство на САД и честитала на ирачката војска за преземањето на Мосул од џихадистите по обраќањето на Ал-Абади.



Американската централна команда соопштила дека иако уште постојат области кои треба да се исчистат од експлозивни уреди и скриени војници на ИСИС, ирачките сили сега "цврсто го држат Мосул под контрола".

Во текот на битките за Мосул загинале илјадници луѓе, а раселени се повеќе од 897.000.


No comments

Powered by Blogger.