Нова тепачка ја потресе Грција: Маж удира жена во маса луѓе, настанува хаос, го напаѓа и човекот кој ја брани

Пишува: Точка

Инцидентот се случил на стадионот Панатинаико.

Грчката јавност е шокирана од снимката на која маж брутално тепа жена на јавно место во Атина.

Инцидентот се случил на стадионот Панатинаико.

Мажот прво влегол во вербален судир со жената, а потоа ја турнал на земја и почнал да ја удира.

Жената која со својот телефон ја снимала тепачката за Protothema.gr изјавила дека инцидентот се случил пред децата на жената.

Луѓето во публиката почнале да негодуваат и да го прозиваат мажот. Насилникот исто така почнал да го удира и мажот од публиката кој го навредувал.

No comments

Powered by Blogger.