Поради прошетка во кратко здолниште оди во затвор: Светот во шок по апсењето на оваа девојка

Пишува: Точка

Младата Саудијка која направила сензација на интернет по поставувањето на снимката во која на улица шета во мини здолниште и кратка маица, била уапсена во Ријад поради кршење на строгите правила за облекување во тоа кралство.

Жената чие име не е соопштено била приведена поради носење на "непристојна облека", соопштиле вчера државните медиуми. Полицијата го предала случајот во обвинителството.

Снимката, која прво се појавила на "Snapchat", прикажува жена во прошетка низ празна историска тврдина во Ушајагер, село северно од Ријад. Селото се наоѓа во регионот Наџид, дом на некои од најконтроверзните саудиски племиња и семејства.

Тоа предизвикало бес кај дел од јавноста, кој барал нејзино апсење поради отворено кршење на прописите кои се бараат од сите жени, вклучувајќи ги и тие од странство, да носат долга и широка облека, како и да ги покриваат лицето и косата.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман се заложува за поголеми можности за забава за бројната популација млади во конзервативното кралство, но реакциите на снимката и апсењето на жената ја покажуваат силата и раширеноста на конзервативните гледишта.




Владата минатата седмица објавила дека на девојчињата во училиштата ќе им биде дозволено да се занимаваат со спорт, а намалени биле и овластувањата на религиската полиција, која повеќе нема право да апси.

И покрај тие потези, полна сегрегација и обесправеноста на жените и натаму е на сила. Жените во Саудиска Арабија се толку обесправени што не им е дозволено да возат автомобили, а не можат да добијат ни пасош без дозвола на машки сродник.















Ријад
саудиска арабија

No comments

Powered by Blogger.