Насекаде го барале исчезнатиот малезиски авион: Но, тоа што го пронашле наместо авионот им ја открило тајната на океанот

Пишува: Точка

Потрагата по исчезнатиот авион "MH370" довела до откривање на нов подводен свет во кој има вулкани, долини и високи гребени.

Иако уште нема трага од малезискиот авион кој исчезнал на 8. март 2014. година, во најскапата потрага досега откриени биле многу работи во Индискиот океан за кои порано не сме знаеле. Научниците се надеваат дека новите мапи ќе дадат подобар увид на тоа што се наоѓа во океанот.

"Се проценува дека само 10 до 15 проценти од површината на светските океани е истражена со технологијата која ја користиме да го пронајдеме авионот", навел во соопштението Стјуарт Минчин од австралискиот Геонаучен институт.

"Ова го прави Индискиот океан еден од најтемелно мапираните длабоки океани" се наведува.

Минчин вели дека овие мапи освен во потрагата по "MH370" ќе бидат користени и за идни научни истражувања.

Инаку, Австралија, Малезија и Кина ја прекинале потрагата по речиси три години откако Боингот 777 исчезнал со 239 патници. Потрагата која се базирала на сателитска анализа покривала 120.000 квадратни километри. Тоа што било откриено немало врска со "MH370". Сепак, потрагата открила еден целосно нов свет во кој има и планина повисока од Монт Еверест.

Иако мисијата за потрага по авионот е откажана, во случај на нови докази веднаш ќе биде повторно отворена.

"Се надеваме дека наскоро ќе имаме некои нови информации кои ќе ни помогнат да откриеме каде е леталото", вели Дарен Честер од австралиската влада.

Инаку, досега биле пронајдени три делови од авионот, кои Индискиот океан ги исфрлил на брегот, вклучувајќи дел од два метри на брегот на островот Реунион.

No comments

Powered by Blogger.