Мора уште да вежба: Говорот на телата покажал кој е главен - Путин или Трамп

Пишува: Точка

Ни два дена по историската средба на американскиот и рускиот лидер, и натаму се крева прашина. Аналитичарите и натаму проучуваат детали од нивниот состанок.

Каменото лице на претседателот на Русија, Владимир Путин, покажало кој е тешка категорија во светскиот ринг, пишува угледниот британски весник Guardian.

Нивната прва средба била во ВИП салонот на конференцискиот центар на Г20 во Хамбург во текот на утрото. Претседателот Путин имал намера тоа да биде кратко ракување, заборавајќи дека тоа не постои со Доналд Трамп. Претседателот на САД ја извлекол раката, ја зграбил раката на Путин и ја протресол со ентузијазам многу подолго од нормалното. Човекот очигледно нема чувство за личен простор.



"Владимир само се насмевна и не реагираше на тоа. Доналд е многу повисок од него, но исто така и во полоша форма. Физичка катастрофа. Еден џудо зафат и Трамп би бил на грб, каде му е местото", пишушва британскиот весник.

До моментот кога двајцата светски лидери се сретнале на состанокот попладне, Путин бил подобро подготвен. За задолжителното фотографирање на почоеткот на разговорот тој и Трамп седеле на соседни фотелји со преведувачи и службеници од едната страна. Нивниот говор на телото не можел да биде полош. Доналд бил на работ на своето столче, обидувајќи се да се покаже како да ја контролира ситуацијата. Владимир седел смирено, сакал да го испоти американскиот претседател, и успеал. Немало сомнежи кој е шеф.



На Доналд му било непријатно поради долгата тишина и почнал да ја исполнува со зборови. Било какви зборови.

"Имавме многу...многу добри разговори. Сега ќе разговараме и очигледно дека тоа ќе продолжи", рекол Трамп, а Путин погледнал долу, обидувајќи се да не се смее. Двајцата имале преведувачи, но Американците јасно заборавиле да доведат предувач на англиски јазик, пишува Guardian.



"Се радуваме поради позитивните работи кои се случуваат за Русија и САД и за сите на кои тие им влијаат. Воодушевен сум и чест ми е што ве запознав, господине претседателе", рекол Трамп.

Чувствувајќи се несигурен, Трамп се сетил на првото правило на дипломатијата кое советниците му го кажале тоа утро. Ако се чувствувате несигурно, повторете го ракувањето. Тука нема грешка. Американскиот претседател ја извадил раката, која Путин ја прифатил. Овој пат Доналд ја држел другата рака покрај себе. Првата рунда во корист на Путин.



Сега бил на ред рускиот претседател да зборува. Гледал во под, гласот поретко му бил погласен од шепот. Очите на Трамп шетале од страна на страна, несигурен каде треба да го фиксира погледот. Не бил навикнат да се концентрира на повеќе од 140 карактери истовремено. Тоа дури и често е борба, анализира британскиот весник.

" Разговаравме преку телефон, но телефонските повици никогаш не беа доволни. Мило ми е што можам да ве запознаам лично. И се надевам, како што рековте, дека нашите состаноци ќе даваат позитивни резултати", рекол Путин. Не е дека имал многу надеж. Додека завршил, Доналд минал на второ ракување. Владимир бил сигурен дека ова е уште поочигледно од претходното. Два - нула за Путин.



Ги заклучиле воведните говори, неколку новинари почнале да извикуваат: "Ќе зборувате ли за тоа како Русија се обиде да влијае на американските избори?" пред да излезат од собата. Путин ги спуштил рамениците.

Путин се опуштил. Има 17 години искуство интернационално борење, Трамп имал само неколку месеци. Но, тоа не било ни натпревар. Би било непријатно да разговара за Украина со некој што не е сигурен ни каде се наоѓа. Додека завршила, Трамп бил веќе на под...

No comments

Powered by Blogger.