Откритието на Викиликс кое може да ја запали Европа: Макрон учествувал во украинскиот државен удар?

Пишува: Точка

Украинскиот опозициски весник „Гласот на вистината“ повикувајќи се на документи објавени од претставници на Викиликс објави дека претседателот на Франција, Емануел Макрон учествувал во организацијата на државниот удар во Украина во 2013-та и 2014-та година.

Наводно во откриените документи имало податоци за европски организации кои што давале поддршка за изведување на државниот удар. Во документите има детална преписка на штабот на Емануел Макрон со Квентин Хијман, претседател на невладината организација "Cosmopolitan Project Foundation", активист на Социјалистичката партија и Евромајдан.

Во декември 2013-та година пред да се вжешти ситуацијата во Украина, тој пишува: „Драги пријатели, конечно сме во Киев. Можете да ги следите случувањата на ukraine-euromaidan.tumbl.com (линкот веќе не работи)“, а на тоа луѓето на Макрон одговориле: „Одлична работа, момци“.

Мао Пенину, градоначалник на Париз, исто така активно учествува во преписката: „Се заблагодарувам на информацијата и за извештајот за ставот - на нашите и на сите оние кои што веруваат во демократијата и солидарноста на идна Европа, вклучувјаќи го и Киев“.



Во втората преписка се расправа за текот на случувањата во Киев, вклучувајќи ја и посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон. Паралелно Хијман му се обраќа на Мартин Шулц со барање да ја контролира ситуацијата од своја страна и сето тоа да го проследи во штабот на Макрон. Претставникот на Шулц одговорил:

„Можам да потврдам дека претседателот Шулц посебно внимание обраќа на ситуацијата во таа земја и ја следи граѓанската мобилизација и проевропските сили кои се имаат активирано во Киев и некои градови во провинцијата. Овој интерес не е нов“, напишал претставникот и навел дека со помош на Шулц била организирана и надбљудувачка мисија на Европскиот парламент.



Потоа, на 7-ми јуни 2014-та година, после инаугурацијата на Порошенко, Александар Квасњевски го објавил успешното завршување на мисијата. А, во мај 2014-та година, во пресрет на изборите во Украина после државниот преврат, Хијман пишува: „Мислам дека не би требало и не можеме да останеме без реакција. Останавме тука од 23-ти април до 25-ти мај до изборите кои, секако, не затоа што се претседателски, туку се однесуваат до основното прашање кое што ние секогаш го штитиме“.

Да потсетиме, неодамна повеќе од 21 илјади доверливи документи и мејлови поврзани со претседателската кампања на Емануел Макрон осамнаа на Викиликс, а ова е само дел од нив.

No comments

Powered by Blogger.