Груевски и Јанкулоска на суд, бараат враќање на пасошите, СЈО бара притвор

Ограничување на политичката слобода и политичко деградирање претставува прогонот од СЈО за поранешниот премиер Никола Груевски. За обвинителите од СЈО пак Груевски во ниту еден момент од постапката не покажал дека ќе биде достапен и затоа бараат притвор. „Немам намера да бегам, туку да се вратам на власт“, возврати Груевски
Тој е првообвинет за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“, но неговата одбрана ја оспори и надлежноста на СЈО за предметот поради тоа што обвинението било поднесено по истекот на работно време на Кривичен. 
 
Пишува:24 вести

„Денеска продолжи политичкиот театар и прогон од страна на СЈО и јас се појавив да одговорам на сите нивни лаги и да им порачам дека јас на следните избори планирам да победам.“ - изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По Груевски, пред Апелационите судии се појавија поранешниот Генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Не се чувствуваат виновни, редовно се јавувале во СЈО и не влијаеле на сведоците.

Четврта беше Јанкулоска. Истакна дека редовно се јавувала на секој повик на СЈО, две години откако не е министер за полиција нема влезено во МВР и нема начин како да влијае на сведоците и инстистира на брзо водење на постапката со цел да докаже дека не ги сторила делата кои и се ставаат на товар.

„СЈО од првиот до последниот ден кога имаше можност да води истраги, го потврди она во што целата јавност се сомневаше, а тоа е дека СЈО е политички извршител на СДСМ.“ - изјави Гордана Јанкулоска поранешна министерка за внатрешни работи.

Последната јавна седница во Апелациониот суд беше за поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер. Тој не се појави во Апелација. Неговиот адвокат Боро Тасевски приложи документ со кој тврди дека Протуѓер во моментот на поднесување на обвинението и предлогот за притвор бил на лекување во болница во Будимпешта, Унгарија, но се вратил во земјава и го оставил својот пасош во Кривичен, сега лекувањето го продолжил во земјава, но е спречен да дојде во судот. И за него СЈО и понатаму бара да му биде определен притвор. Сметаат дека влијанието што го имаат сите обвинети во својата сфера, преку функциите што ги извршуваат во партијата и она што јавно го објавуваат во медиумите може да влијае на сведоците на СЈО.

„Повеќе доаѓаше до до израз тоа што се криеја од органите на прогонот и тоа е една од основните мерки за барање на притвор. “ - изјави Гаврил Бубевски, јавен обвинител во СЈО.

Одлуката на Апелација дали за врвот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде определен притвор треба да биде донесена во рок од 48 часа. Денеска беа објавени одлуки за Тони Трајковски, Илија Димовски, Билјана Бошковска Бришковски и Едмонд Темелко. За сите Апелација ја потврдува одлуката на Кривичен тие да останат без пасошите. Жалбите на трите притвори за Грујевски, Јакимовски и Бошковски денеска стигнаа во Врховниот суд. Од таму информираат дека се пратени на одговор на СЈО и по комплетирање на предметот за нив ќе одлучуваат судии во пет член совет.

No comments

Powered by Blogger.