Џихадистите сега молат да бидат убиени: Стотици заробеници - припадници на ИСИС молат да умрат и да се спасат од пеколот

Пишува: Точка

Стотици осомничени лица дека се припадници на Исламската држава, а кои се заробени од страна на ирачката армија, се наоѓаат во пренатрупан затвор во близина на неодамна ослободениот град Мосул.

Како што пренесува новинската агенција "AP", над 100 припадници на Исламската држава биле сместени во тесна просторија во која што седеле рамо до рамо на подот. Во просторијата немало електрична енергија, ниту вентилација, додека навор температурите се искачуваат и до над 45 Целзусови степени.

Ирачки официр кој што бил задолжен за затворот, открил дека внатре се заробени околу 370 припадници на ИСИС. Тој открил дека затворите се пренатрупани затоа што ирачките сили во текот на овој месец ги исчистиле последните упоришта во градот, после деветмесечната борба за ослободување на Мосул.

Меѓу затворениците имало и лица кои што биле заразени од разни болести, а повеќето од нив не можеле ниту да се движат. Како што открил официрот, нивните нозе им отекле затоа што не можат ниту да мрднат со денови.

Само во последните три месеци, повеќе од 1,150 затвореници минале низ затворот. За понатамошна истрага и судење, во Багдад биле испратени 540 затвореници. Јужно од Мосул, во базата Кајара биле сместени останатите заробеници, околу 2,800 кои исто така ирачката армија ги чувала во тесни простории.

„Меѓу овие луѓе нема да најдете ниту 10 вистински членови на Исламската држава. Сите се тука повеќе од шест месеци. Откако сум јас тука, веќе осум месеци, само еднаш го видов сонцето“, раскажал еден затвореник, иако тешко е дека ќе му поверуваат ирачките војници.

„Сакаме да умреме. Никој од нас немал посета, не доаѓаат ниту членовите на нашите семејства. Тие дури и не знаат дека сме тука“, изјавил друг затвореник.

Голем број на невладини организации предупредуваат дека Ирачаните употребуваат премногу брутални мерки против џихадистите на Исламската држава и прекршуваат бројни меѓународни конвенции. Но, ирачките војници сметаат дека поради бруталноста на Исламската држава, за заробените џихадисти не смеат да важат никакви меѓународни закони.

Сепак, тоа што најмногу загрижува е што речиси е сигурно дека меѓу затворениците има и невини цивили кои што бегале од Мосул. Познато е дека меѓу цивилите, често се инфилтрирале борците на Исламската држава со цел да спасат жива глава, па ирачката армија нема голем избор и ги апси сите.

No comments

Powered by Blogger.