Американските медиуми после убиството на Американецот на Закинтос: Србите се познати како расисти

 Пишува: Точка

Во текстот со наслов „Што се случило со Бакари Хендерсон?“, американскиот портал azcentral.com, детално опиша што му се случило на 22-годишниот Хендерсон на Закинтос, а потоа следува прашањето: „Дали е убиен затоа што е црнец?“.

Понатаму, во текстот на споменатиот медиум стои дека Бакари на 7-ми јули бил дивјачки претепан, нешто што „јасно може да се види на снимките кои што кружат на интернет“, и дека бил убиен од страна на мафија која што е составена од Срби. Нападот траел 30 секунди, но бил толку жесток што Американецот набрзо починал.

Грчките власти веднаш го исклучија расизмот како повод за избивање на тепачката, но сега започнаа да се појавуваат информации кои што упатуваат на тоа дека и тоа како е потребно целиот случај повторно да се преиспита, сметаат американските медиуми.

„После дипломирањето во мај во областа на финансии и претприемништво, Бакари заминал во Грција за да направи фотографирање за една модна линија“, откриле од неговото семјество за „Њујорк Тајмс“. Тој израснал во Остин, бил на колеџот во Аризона и бил енергичен и дружељубив човек кој никогаш не бил агресивен, ниту пак нападнал некого.



Потоа, американските медиуми ги пренесуваат информациите од офицјалните изјави на сведоците - младиот Американец се забавувал и потоа се фотографирал со келнерката, по што настанала тепачката која што се преселила пред клубот „Бар Код“. Бакари починал, а грчката полиција уапсила деветмина Срби на возраст од 18 до 34 години. Седум од нив биле уапсени, додека двајца биле пуштени на слобода со кауција.

„Националноста на осомничените игра многу јасна улога, затоа што станува збор за расизам, првенствено против црномурестите луѓе, многу изразен во Србија. Навивачите на оваа нација се познати по насилството и малтретирањето на црномурестите бразилски играчи и често имитираат мајмунски гестови упатени кон нив“, објаснува американскиот медиум.




Споменатиот медиум додава дека ова се случило во февруари минатата година кога бразилскиот играч за врска Евертон Луис со солзи на очите го напуштил белградскиот стадион поради навредливи и расистичк коментари од трибините. Тој наместо поддршка од управата на српскиот фудбалски клуб, добил одговор дека „може да се врати во Бразил и таму да мавта со своите црни прсти“.

Овие тврдења, порталот ги дополнува со уште еден „доказ“ за српскиот расизам. Имено, „српската женска одбојкарска репрезентација во мај после натпреварувањето во Јапонија, позирала со познат црнечки гест“.

Како „финален доказ“, Американците ја истакнуваат изјавата на келнерката која што имала српско потекло. Таа изјавила дека Бакари ѝ пришол само за да се фотографиираат, по што еден од Србите од клубот ја прашал „зошто се фотографираш со црнец кога овде има толку многу белци и Срби“, по што започнала тепачката.

„Токму затоа што се појавуваат нови сознанија и затоа што очигледно станува збор за расизам, сметаме дека истрагата мора да биде обновена. Америка не смее да се смири, не смее да го заборави Бакари и врвот на државата не смее да престане да врши притисок се додека не биде дознаено зошто бил убиен Бакари Хендерсон“, заклучува американскиот портал во текстот.

No comments

Powered by Blogger.