Ова е крвникот кој со моторна пила сечел луѓе на улица, па побегнал: Цела Швајцарија уште го бара!

Пишува: Точка

По нападот, полицијата го блокирала тој дел од градот, но напаѓачот и натаму е во бегство.

Швајцарската полиција објавила фотографија од напаѓачот, кој во градот Шафхаузен со моторна пила повредил пет лица, од кои две потешко.

По нападот полицијата го блокирала тој дел од градот, но напаѓачот и натаму е во бегство. Се истакнува дека не станува збор за терористички напад и потврдено е дека напаѓачот бил вооружен со моторна пила.

Полицијата не го именувала, но како што се наведува, напаѓачот е висок околу 190 сантиметри, ќелав и со запуштен изглед.

Се верува дека вози "Volkswagen" со швајцарски регистарски таблички.

Според пишувањата на локалните медиуми, пронајдено било и неговото возило, а граѓаните се советуваат да бидат внимателни.

No comments

Powered by Blogger.