Едно од најмоќните руски оружја: Новиот борбен авион им пркоси на законите на физиката

Пишува: Точка

На просторот на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва, одржан е шестодневен аеромитинг „МАКС 2017“ на кој што домаќинот, помеѓу другото, ги претстави новите и моќни борбени авиони.

Како што пренесува "Russia Today", на аеромитингот пристигнале 340 илјади луѓе и учествувале околу 800 авиокомпании, а биле потпишани и бројни договори и меморандуми во вредност од 6,6 милијарди долари.

Една од најголемите атракции било и летањето на повеќенаменскиот борбен авион од петта генерација - млазниот ловец Сухои ПАК-ФА Т-50. Два модели на овој футуристички авион, опремени со најнови мотори и други подобрувања, им го одзеле здивот на присутните и како што велат руските медиуми - им пркоселе на законите на физиката.
Пак-ФА е дизајниран да го замени тактичкиот авион Су-27, а се очекува руското воено воздухопловство да ги добие првите вакви авиони во 2019-та година.

Голем интерес привлекол и „ветеранот“ Иљушин Ил-2, легендарниот руски товарен авион познат како „летечкиот тенк“. Примерок од тој авион бил пронајден во 2011-та година во едно езеро во Мурманската област откако таму завршил после присилно слетување во Втората светска војна. Авионот бил обновен и прикажан на аеромитингот.
На аеромитингот „МАКС 2017“ настапиле и бројни акробатски „екипи“ кои што извеле неколку спектакуларни воздушни акробации.

No comments

Powered by Blogger.