Овој човек спие во метро или по улици, но редовно учествува на сите турнири и ги добива

Пишува: Точка

Најпознатиот легендарен уличен борец во Русија сите го знаат по името Алибаба (40). Она што е интересно за него е тоа што овој човек впрочем е бездомник.

"Многумина мислат дека бездомниците се алкохоличари кои само џаболебарат. Луѓето кои не ме знаат мислат дека и јас сум ист како и останатите", вели тој.

Овој човек спие во метро или на улица, но затоа редовно учествува на сите турнири.

"Тешко е да се живее вака, навистина. Секој ден морам да размислувам каде ќе преноќам. Многу ми е тешко", вели Вјачеслав Јуровски.

Алибаба има диплома од новинарство и завршил уметничко училиште. Сите пари кои ќе ги заработи на турнирите ги троши на разгледување на музеји или оди на театар.



На овој човек добро му се познати и сериозните скршеници. Поради природата на неговото хоби тој честопати го има скршено носот, рамењата, ребрата...

"Борбата е меч со две острици. Кога луѓето започнаа да ме обожуваат, се формираше и мојот култ на личноста, станав легенда. Постојат само две работи - или ќе победиш и се ќе испадне добро или ќе умреш во рингот", објаснил.

No comments

Powered by Blogger.