Дали го препознавате овој град? Во него се крие рајско катче за сите жени на овој свет!

Пишува: Точка

Фиренца со сигурност ја знаете по романтичната архитектура, прочуеното семејство Медичи, постот Понте Векио, Фирентинската катедрала, статуата на Давид, како и бројните цркви и плоштади.

И веројатно имате слушнато и за сладоледот којшто дури и бројни доктор го препишуваат како “обврзна” дневна доза. Токму поради сето ова жените просто го обожуваат овој ренесансен град, но и поради една сосема посебна причина претставува рај за сите припаднички на понежниот пол.



Дали знаете каков накит може да пронајдете во Фиренца? Автентичен, беспрекорно дизајниран и изработен од страна на врвни мајстори. Целиот Понте Векио е всушност преполн со златари и вонвременски продавници, а легендата вели дека мостот на којшто инаку се продавало месо, златарите го исполниле во периодот на големата криза, кога сите го вложувале златото со цел да се прехранат.

Секако, рачната изработка на мајсторите ќе ја препознаете по ситните, но исклучително прецизни и елегантни детали, што делуваат просто па неверојатно дека ги изработила човечка рака. А постои и уште нешто што придонесува за еден таков краен резултат – се работи за повеќевековна традиција на мајстори коишто се обучени во најдобрите занаетски училишта, а занаетот се пренесува од колено на колено.



Велат дека накитот е “најдобар пријател” на жените, но тоа е секако само една од добрите причини за да се посети срцето на Тоскана. Покрај Фиренца, обврзно посетете ги Пиза, Сиена и Нарни, пробајте ги тамошните храна и вина, како и надалеку прочуеното “џелато”. Уживајте во природните убавини и “културниот пејзаж” на тосканската област и создадете фотографии коишто ќе ви останат како исклучително драг спомен.



Па, во време кога сите размислуваат за годишен одмор поминат покрај море, размислете за една поинаква авантура и истражете ја токму Тоскана. Со сигурност можеби ќе одморите и уште подобро, а спомените коишто ќе ги создадете ќе ги прераскажувате веројатно се’ додека сте живи.


No comments

Powered by Blogger.