Бројот на жртви расте од час во час: По големите поплави, Јапонија ја тресат земјотреси, властите стравуваат за нуклеарните централи

Пишува: Точка

Додека бројот на загинати во силните дождови и поплави на југот на Јапонија расте, и според извештаите на локалните медиуми достигнал број од 25 загинати, во пет јужни јапонски префектури се почувствувал и силен земјтотрес.

Засега, нема извештаи за штети или жртви во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтер.

Според пишувањето на јапонските медиуми, спасувачките служби се во обид да спасат уште околу 100 загрозени. Најмалку 25 лица се водат како исчезнати, а околу 12.000 припадници на спасувачките служби вложуваат најголеми напори да пронајдат преживеани, рекол секретарот на јапонската влада, Јошида Суга.
На островот Кјушу, се очекуваат нови врнежи, откако минатата семдица реките се излиле од коритото, а водата однела делови од патишта, училишта и куќи.

Илјадници луѓе биле принудени да пронајдат засолниште во прифатни центри, но голем број на луѓе се уште се загрозени, па итните служби се обидуваат да дојдат до нив, пренесува AFP. Околу 150 луѓе чекаат помош во префектурите Фукока и Оита, кој се најпогодени.




Поради земјотресите кои се почувствувале на југот на земјата, метеоролошката служба објавила предупредување за цунами, но го повлекла по неколку минути. Истовремено, граѓаните биле предупредени на можна појава на одрони. Системот за предупредување од земјотреси, активен по земјотресот на 11. март 2011. година, се огласил пред денешниот земјотрес. Електродистрибуцијата "Кјушу" моментално ја проверува состојбата во нуклеарните центри на југот на земјата
Јапонската метеоролошка агенција предупредила дека дождот денес ќе продолжи да паѓа на островот Кјушу.
Поради временските непогоди кои ја погодиле Јапонија, премиерот Шинзо Абе ја откажал посетата на Естонија.

No comments

Powered by Blogger.