Фергусон ја посети Старата Чаршија, Седлоски пиеше кафе со својот другар Модриќ

Пишува: Точка

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и една од најголемите легенди на трофејниот англиски клуб, Сер Алекс Фергусон, ја искористи посетата на Скопје за да го прошета градот.

Популарниот Ферги во пресрет на вечерашниот натпревар на неговиот Јунајтед против Реал Мадрид на „Телеком Арена“ во Скопје во рамките на европскиот Суперкуп, одлучи да го прошета нашиот главен град, односно централното градско подрачје и старата скопска чаршија, каде што си направи и неколку фотки.









Во меѓувреме, тренерот на македонскиот шампион Вардар, Гоце Седлоски се сретна со својот пријател од Динамо Загреб, ѕвездата на Реал Мадрид - Лука Модриќ. И двајцата ги поврзува загребски Динамо, со оглед на тоа што овој клуб е матичен клуб на Модриќ, а Гоце Седлоски во својата кариера исто така ги бранеше боите на Динамо.


No comments

Powered by Blogger.