Детал за кој што сите зборуваат: Разговорот меѓу Путин и Меланија додека Трамп не беше тука...

Пишува: Точка

И покрај големите протести поради кои во хотелот остана повеќе од што требаше, првата дама на САД, Меланија Трамп во саботата на својот профил на Твитер напиша дека многу ѝ било убаво во Хамбург.

„Уживав во посетите на Варшава и Хамбург. Многу работа завршена, но и многу склопени пријателства“, напиша пвата дама на Соединетите Американски Држави на Твитер.

Самитот на 20-те најсилни економии го привлече вниманието на целиот свет. Посебно интересна беше свечената вечера во чест на гостите, како и распоредот на масата. Лидерите на земјите-учеснички беа одвоени од своите „подобри половини“, а случајно сопругата на Доналд Трамп се најде веднаш до рускиот претседател Владими Путин.

За време на вечерата, Меланија седеше веднаш до Путин и камерите ја фатија како разговара со рускиот претседател и се смее.

„Кога земјите ќе се обединат и соработуваат, тогаш сите профитираат“, порача Меланија Трамп.

No comments

Powered by Blogger.