Најубавите плажи на Јадранско Море

Многу луѓе се научени на одмор во Грција и за ништо не би го смениле морето со средените песочни плажи, таверните покрај плажа со превкусна морска храна и незаборавниот ноќен живот.


Напиша: ЦрноБело

Но, мора да признаеме дека и Јадранот има со што да се пофали – природни шуми кои го прават одморот на море многу попријатен и подобар за здравјето и прекрасни плажи.

Освен тоа, покрај Јадранското море има и многу гратчиња кои имаат посебен шарм и убавина и дефинитивно треба да ги посетите.

Но, ако сте од оние кои најважното нешто на одморот им е само плажата, тогаш разгледајте со кои плажи располага Јадранот и одлучете се за некоја од овие прекрасни дестинации.

Во секој случај, нема да погрешите.
Плави хоризонти, Црна Гора

Оваа плажа се смета за една од најубавите во пределот на полуостровот Луштица, како и на Црногорското приморје. Се наоѓа на отворено море, има ситен песок, а посебна вредност и дава боровата шума.

Залив Чикат, Хрватска

Се наоѓа на островот Лошињ, има опуштена атмосфера благодарение на природната убавина и специфичната положба, скриена од ветрови. Важи за една од најубавите плажи на Јадранот.

Златни рат, Хрватска

Бол на Брач спаѓа во малечките градови на Хрватското приморје и сигурно не би бил толку познат и популарен ако ја немаше прекрасната песочна плажа – Златни рат, која е една од најфотографираните плажи. Настанала со таложење на златниот песок, а под влијание на брановите, ветерот и морските струења, врвот секогаш го менува својот облик.

Овој предел е омилен на сурферите, а одалечена е 2 км од Бол.

Рајска плажа, Хрватска

Во местото Лопар, на островот Раб, се крие оваа песочна Рајска плажа, која е долга речиси 1.5 километри. Поради квалитетот на средината и чистотата, доделено и е плаво знаме, сертификат од Фондација за еколошко образование.

Со оглед на тоа што нема тушеви, ресторани и барови, одлична е за луѓе кои сакаат да уживаат во природни убавини.

Дерми, Албанија

Дерми можеби не е искомерцијализирано место, но секако нуди единствен и рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на 3 часа возење од Тирана.




Краљева и Краљична плажа

Местото Милочер се наоѓа во непосредна близина на Св. Стефан и располага со прекрасна плажа. Измеѓу овие две места се наоѓа оваа плажа. Ова е мала плажа, долга околу 200 метри, со чемпреси и маслинки, сместена пред летната резиденција на кралот Никола, по кој го добила името, бидејќи била омилено место на фамилијата Караѓорѓевиќ.

Јаз, Црна Гора

Оваа плажа се наоѓа на 2.5 километри од Будва, со вкупна должина од 1.200 метри. Според Lonely Planet, плажата Јаз е на листата на најдобрите европски плажи.

Сакарун, Хрватска

Во северниот дел на островот Дуги оток, се наоѓа оваа прекрасна песочна плажа, долга 800 метри. Опколена со борова шума, плажата е идеална за парови, а нејзиното кристално чисто море ќе привлече и фамилии со деца.

Навечер плажата служи како место за собирање на млади друштва кои се забавуваат.

Сланица, Хрватска

Сланица се наоѓа на островот Муртер и е една од најубавите плажи во Хрватска. Важи за многу популарна туристичка дестинација, нивото на морето е плитко и има забава во околината.

Велики пијесак, Црна Гора

Добра Вода е мало и мирно туристичко место и само на неколку минути од местото се наоѓа оваа плажа, која локалците ја нарекуваат вистинско богатство, најверојатно поради тоа што е опкружена со маслинки и има прекрасна чиста вода.

Посебно е специфична поради тоа што од длабочините на морето извира слатка вода, која се меша со солената и дава необични светли тиркизни тонови. Поради тоа местото го добило името Добра Вода.

No comments

Powered by Blogger.