Колку Apple чаосвници се продадени досега?

Пишува: GSM.mk

Очигледно, продажбата на Apple часовниците оди подобро од очекувано..

Apple часовниците се најпродаваните паметни часовници во светот. Но, што значи тоа во однос на реални бројки? За жал, Apple не сподели повеќе информации.
Како и да е, тоа не значи дека не може да погодуваме. Аналитичарите од Strategy Analytics, сметаат дека Apple има продадено 31.5 милиони часовници досега. Од почетокот на годината се продадени 2.8 милиони единици, додека за истиот период минатата година, бројката изнесувала 1.8 милиони. Всушност Xiaomi и Fitbit продаваат многу повеќе часовници од Apple. Но, разликата е во тоа што тие се поевтини. Не може да споредиме часовник од Xiaomi кој чини 20 долари, со Apple часовник кој е повеќе од 300 долари.





No comments

Powered by Blogger.