Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта


Пишува: МакФакс

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу кои за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Во образложението на одлуката за Груевски пишува дека со оглед на фактот што на обвинетиот му е одземена патната исправа и службениот пасош и мора секој петок да се јавува ву судот, се елиминира опаноста од бегство. Дополнително, пишуваат судиите во одлуката, податоците за оваа мерка на претпазливост се внесуваат во комјутерската евиденција на МВР, поради што и со лична карта, обвинетиот не може да оствари излез од државата.


„Паричните средства кои ги поседува обвинетиот на што укажува обвинителството како можност за бегство за обвинетиот надвор од државата, овој суд цени дека не можат да се земат изолирано туку во склоп со личните и семејните прилики на обвинетиот“ пишува во одлуката.

Според судиите, можноста Груевски да влијае врз сведоци е апстрактна и непоткрепена. „Обвинителството не го стори веројатно сомневањето дека обвинетиот би вршел влијание врз сведоци и соучесници, а според овој суд не е доволно само да се истакне апстрактна можност за влијание, туку потребно е да се наведат особено конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на оваа опасност, како што образлага и првостепениот суд“.

Образложението за екс-министерката Јанкулоска е дека опасноста од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, за овој суд е неоснована. Судиите пишуваат и дека поврзувањето на обвинетата за влијание врз сведоците со нејзината функција -министер на МВР и околноста дека дел од сведоците предложени од обвинителството со листата на докази биле нејзини поранешни подредени се неосновани, бидејќи обвинетата подолг временски период не ја врши наведената функција.

В. Маглешов

No comments

Powered by Blogger.