Половинa милион резервации за Tesla Model 3


На свеченоста на која на првите 30 купувачи им беа испорачани возилата, извршниот директор и сопственик на Tesla Елон Маск рече дека за Model 3 имаат добиено повеќе од половина милион резервации - практично на невидено бидејќи имаше доста непознаници за електричниот седан чија цена изнесува 35.000 долари. Непознато останува кога секој од нив ќе го добие автомобилот за кој има оставено депозит од 1.000 долари, како и достапноста на опциите со кои ќе може да го конфигурира бидејќи заради забрзување на испораките тие ќе бидат ограничени. Тој исто така објави и дека Tesla Model 3 ќе може да се добие со поголеми батерии кои место 350 обезбедуваат автономија од 500 километри, за што ќе треба да платат 44.000 долари.






No comments

Powered by Blogger.