Новата влада вработила 96 луѓе, претходната во изборниот период вработила 7.708 луѓе во администрацијата

Пред да ја напуштат власта, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери вработиле над седум илјади и седумстотини нови административци.

Пишува: Точка
Повеќето од половината добиле согласност за работа истиот ден кога беа распишани изборите, што е спротивно на законската регулатива, соопшти министерот Манчевски. Дали овие административци ќе останат без работа, министерот не даде конкретен одговор. Остава сите вработувања да бидат предмет на истрага на инспекторите, кои треба да ги казнат институциите и лицата што ги прекршиле законите. 

„Согласно изборниот законик и изборната регулатива која важеше согласно Договорот од Пржино, не беа дозволени никакви вработувања и ангажирања на луѓе во периодот од распишување на изборите 17 октомври 2016 до денот на формирањето на новата влада на 31 мај 2017. Ќе оставиме на ониек ои се надлежни за тоа, да секој посебно од овој случај го разгледаат и за секој посебно да донесе соодветно Се што е согласно законот, оваа влада ќе го почитува.“ - изјави Манчевски.

Во изминатите два месеци новата Влада вработила 96 лица во сите институции. Триесет и двајца како посебни советници на министрите, а останатите како административни службеници. Согласно законот, секој министер има право на по 3 надворешни посебни кабинетски советници, па толку во моментов има Заев. За разлика од него, Груевски имал осумдесет и шест советници, рече Манчевски. 

„За сите овие лица кои до сега се ангажирани беа објавени огласи. Не само што се е согласно закон, туку сите министри го немаат до крај искористено она што според законот им е дозволено.“ - вели Манчевски.

Во периодот од формирањето на новата Влада до денес, преку општините каде градоначалниците се од редот на ВМРО ДПМНЕ, вработени се повеќе од 300 лица. 
Најдоцна до понеделник Манчевски ќе каже колкава е администрацијата во државата, зашто при пребројувањето, наишле на проблеми за кои не биле свесни до сега.

No comments

Powered by Blogger.