Три генерации збришани од лицето на земјата за секунда: 9 членови на семејство се удавиле додека славеле роденден

Пишува: Точка

Девет членови на едно семејство загинале во поплава додека славеле роденден во националниот парк во американската држава Аризона.

Се верува дека повеќе од 100 луѓе биле на Студените извори во националниот парк Тонто, кога дошло до поплавата. Поплавата биле предизвикани од силното невреме со дожд. 
Поради силните дождови реката дошла и до местото на кое несреќното семејство прославувало роденден, и воедно се капело.
Еден роднина ги идентификувал загинатите: 2-годишната Ерика Раја Гарсија, 3-годишната Емили Гарника, 5-годишната Миа Гарника, 7-годишниот Даниел Гарника и 13-годишниот Џонатан Лион. Настрадале и 18-годишниот Хавиер Раја Гарсија, 60-годишната Селија Гарсија Кастанеда, 24-годишната Марибел Раја Гарсија и 26-годишната Марија Раја Гарсија, чиј роденден се прославувал тој ден. Сопругот на Марија се води како исчезнат. Сите три нивни деца настрадале.

На останатите членови на семејството оваа информација им била соопштена додека вечерале во ресторанот во близина.

"Цело семејство е збришано од лицето на земјата, три генерации", рекол детективот Дејвид Хорнунг.

Според неговите зборови, потрагата по таткото е во тек, и се надеваат дека барем него ќе го најдат жив.

No comments

Powered by Blogger.