Кога мајката е модна блогерка, а 7-годишниот син нејзин фотограф

Вообичаено, љубовните партнери се тие кои пожртвувано стојат зад објективот, односно илјадниците слики на блогерките и трендсетерките на Инстаграм. Но, не и во случајот на Џули Алпин.



Таа е мајка на две деца, а од неодамна и самопрогласена „модна икона“, која со многу ентузијазам ги споделува своите винтиџ и ретро изданија со следбениците на социјалната мрежа.

Како личен асистент и фотограф, пак, ангажиран е нејзиниот син, седумгодишниот Мajло.



Џули стои зад профилот „She Wears The Trousers“ на Инстаграм, а сите фотографии се дело на малечкиот Мајло, што ги создава со мобилниот телефон на неговата мајка.

Вообичаено, фото-сесијата им трае по 15-тина минути, а потоа, како вистински професионалец, Џули ги прегледува направените 300-400 фотографии, пред да го стесни изборот на оние кои со задоволство би ги објавила.



А, дали на Мајло му пречи да биде моден фотограф на толку рана возраст? „Понекогаш да, понекогаш не.“ , одговора Џули, и додава:

„Започнавме лани, кога тој имаше само шест години. На почетокот, му купував ситници за неговите видео-игри, секој пат кога ќе ми направеше по една слика. Потоа, кога и да посакаше нешто ново, ќе ми речеше: Мамо, може ли да направиме повеќе Инстаграм фотки? – Но, имаше и денови кога беше во фазон: Не, денеска не сакам.“



Џули го отворила профилот, откако сфатила дека го загубила својот идентитет по станувањето мајка:

„Се здебелив, а животот го минував во фармерки. Чувствував дека со сопругот премногу се внесовме во улогите на добри родители, односно какви тие би требало да бидат. На сметка на тоа, обајцата станавме несреќни и ја изгубивме нашата свест за самите себе.“




Идејата ѝ произлегла од пар чорапи, во кои мајката пронашла ултимативна инспирација:

„Сѐ започна кога ги облеков зелените сандали што ги купив на улична распродажба за 50 пенија, во комбинација со костенливите волнени чорапи до коленици. Си помислив: Боже, се чувствувам како модна икона! Тоа беше и првата објава што ја споделив на Инстаграм.“



Во продолжение, погледнете дел од „едиторијалите“ на овој моден тандем:









No comments

Powered by Blogger.