Нова Студена војна: Русија протерува 755 американски дипломати

Пишува: Точка

Рускиот претседател Владимир Путин нареди 755 американски дипломати да ја напуштат земјата во најбрз можен рок.

Бројот на претставници на американската дипломатска мисија во Русија се намалува за 755 и ќе има ист број колку што има руски претставници во Соединетите Американски Држави - по 455 на секоја страна, порачаа руските власти.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да воведе дополнителни ограничувања за Соединетите Американски Држави, но тоа засега нема да го стори затоа што тоа би можело да им наштети на меѓународните односи.



Владимир Путин напомена дека Москва, дури и во моменталната тешка ситуација, е посветена на понатамошна соработка со Соединетите Американски Држави во области во кои што соработката е од големо значење. Исто така, тој порача дека ставот на Руската Федерација кон САД нема да се промени.

„Чекавме прилично долго на било какви позитивни промени во ставот на САД кон Русија, се надевавме дека ситуацијата на некој начин ќе се промени. Мислев дека мораме да покажеме дека ништо нема да оставиме без одговор“, заклучи претседателот на Русија, Владимир Путин.



Москва уште во петокот им наложи на американските власти да го намалат бројот на своите дипломати и најави запленување на дипломатски имот на САД како одговор на најновите американски санкции кои што едногласно беа одобрени од Претставничкиот дом и Сенатот, потсетува британската новинска агенција „Ројтерс“.

No comments

Powered by Blogger.