Заминале да ги молзат кравите пред 75 години и исчезнале оставајќи ги своите 7 деца: Но конечно ги пронашле

Пишува: Точка

Се претпоставува дека пропаднале стоејќи на глечерот низ некои од пукантините...

Марселин Думоулин, тогаш 40-годишен, никогаш претходно не ја зимал својата три години помлада сопруга Франсин, локална учителка, на молзење на кравите во Швајцарските Алпи, далеку над местото Шандолин, на висина од 2.615 метри надморска височина, се до тој кобен ден кога тргнале заедно.



Франсин била времена во тоа време, а тие на 15-ти август 1942-ра година за прв пат решиле да стигнат до ливадата преку тамошните глечери... но никогаш не се вратиле.

По нивното исчезнување долго време ги барале, а кога изгубиле секаква надеж, нивните пет сина и две ќерки биле разделени да живеат со различни семејства во областа, што во Швајцарските Алпи во тоа време ова воопшто не било пријатно искуство бидејќи се уште владеело ропство, но и висок степен на сексуална злоупотреба.




Меѓутоа, овие денови, како што пишува "Le Matin" биле откриени нивните тела, совршено сочувани - бидејќи глечерите започнуваат да се топат поради климатските промени.

Нивните деца израснале оттуѓувајќи се едни од други се додека не станале странци, иако се познавале.

"Ние го поминавме цел живот барајќи ги и не се откажувавме. Мислевме дека еден ден барем ќе можеме да им обезбедиме погреб каков што заслужуваат", изјавила за Le Matin нивната најмлада ќерка МарСелин, која тогаш имала само три години, а денес има 78.



"По 75 години чекање оваа вест ми донесе длабок мир и спокој. На погребот нема да бидам завиена во црно, мислам дека бело би било посоодветно. Тоа ќе ја претставува надежта која никогаш не ја изгубив", изјавила.

Во официјалниот извештај се вели дека телата биле пронајдени едно до друго, дека на себе се уште ја имале облеката која соодветствува со времето во кое живееле и дека со себе имале некои документи за идентификација - па така ги идентификувале - а се очекува и ДНК анализа. Се претпоставува дека одејќи низ глечерите некој од нив напукнал и тие пропаднале.





Иако и претходно постојат случаи во кои се појавуваат нечии тела при топење на глечери, бидејќи глечерите се движат, пукаат, динамични се, а во последните неколку години поради глобалното затоплување и климатските промени ширум целиот свет тие започнуваат да се топат се повеќе и повеќе при тоа откривајќи тела на одамна изгубени луѓе.

Минатата година беа откриени телата на двајца планинари кои во 1999-та година исчезнаа во Тибет при обид да се искачат на врвот Шишапангма - висок 8.027 метри, а настрадале на висина од околу 6.300 метри.

Ваквите примери во последните неколку години зачестуваат.

No comments

Powered by Blogger.