Стекови од коњ и од бизон на менито на УБК и БЈБ, на еден ручек трошеле по 600 евра

Пишува: Точка

Во Министерството за внатрешни работи на брифинг за новинари беа презентирани фактури и сметки од ручеци на УБК и на БЈБ.

На фактурата од 12 април 2012 година, УБК се гоштевало во еден скопски ресторан. На менито имало секакви специјалитети – печурки на жар, тиквички, месо, пити. На фактурата се гледа дека тие потрошиле над 5.000 денари само за десерти.



На друга сметка се гледа дека вработени во МВР нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари. Јаделе и елен во сос од вргањ што чини 1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.



На друга фактура од 6 јули 2011 година, на менито на УБК биле гамбери на жар што ги чинело 1.271 денар, за риба во фурна платиле 13.700 денари, а за мешано месо на жар 1.016 денари.

No comments

Powered by Blogger.