5 трендови кои доминираат во светот на шминката оваа летна сезона

Шминката, неизбежната женска рутина со која ги истакнуваме најубавите црти на лицето или се трансформираме сосема, не треба да биде табу тема дури и во летниот период, без оглед на високите температури.



Запаметете дека со добра подлога (прајмер), лесна минерална пудра во прав и фиксатор ќе имате нежен и прекрасен изглед.

Сите оние кои се подготвени за експериментирање, испробајте неколку од следните 5 најжешки шминерки трендови во оваа летна сезона:
Светки на очите

Дозволени се во секоја варијанта – како сенка на целиот очен капак, во вид на туш-линија над окото или пак под него, на долниот капак. Можете да ставите светки и на самиот надворешен агол од окото или можеби во внатрешниот дел наместо сенка за осветлување и отварање на окото. Важно е да се забавувате и да блескате.





Драматични силни бои

Смело и драматично, мешавина од експлозивни бои – портокалова, црвена, зелена, жолта и сина. Со еден збор – виножито на вашите очи. Може да искомбинирате неколку бои или да ставите само една врз целиот очен капак, важно е да бидете храбри и да не се премислите при нанесувањето.





Пастелни сјајни очи и проѕирни сјајни усни

Најпожелно е и двете да блескаат со прозирен сјај, а основните бои под нив да се меки и пастелни. Тоа значи дека бирате нијанси како нежно бебешко розово, пудра боја или беж и шампањ нијанси. Усните и очните капаци прекријте ги со проѕирен сјај за совршен завршен изглед.




Природни запуштени веѓи

Кога имате густи и убави веѓи и не ви е потребно премногу шминка. Тие се доволен украс сами по себе. Дозволено е дури и малку да ги запуштите, односно не пречи да се неуредни сé додека се зачешлани во една насока. Веѓите кои се силно истакнати и прецизни се дефинитивно аут оваа сезона.




Розови усни

Сите варијанти на розовиот кармин се во фокусот оваа летна сезона, од нежни пастелни нијанси до жешки експлозивни розови тонови. Карминот е доволен сам по себе, не ви треба премногу дополнителна шминка на очите.





No comments

Powered by Blogger.