5 грешки со кои несвесно ја уништувате облеката

Постојат трикови со чија помош облеката, обувките и чантите ќе траат подолго и ќе изгледаат како нови, а не ги правиме.



Наместо тоа, со некои секојдневни навики несвесно го уништуваме квалитетот на облеката.

Прочитајте кои се грешките што ги правите и како да ги промените:

Често ја носите облеката на хемиско чистење

Повеќето парчиња облека е најдобро да се перат дома, на рака или во машина. Хемикалиите при хемиското чистење се силни, па перењето дома е подобра, а и поевтина варијанта.

Не се грижите правилно за кожната облека

Кожните јакни, панталони и фустани бараат посебна нега бидејќи се гужваат. Секогаш чувајте ги закачени на закачалка.

Погрешно ги чувате чантите

Чантите секогаш треба да се чуваат во кутии за на нив да не се собере многу прашина. Никако не ги закачувајте чантите на закачалка бидејќи така најлесно може да испукаат и да се оштетат.


Не ги закопчувате патентите пред перење

Ако ги закопчувате патентите пред перење, ќе спречите многу проблеми како на пример заплеткување со други парчиња облека за време на перењето.

Користите пластични закачалки

Пластичните закачалки може да ја уништат облеката додека е закачена на нив. Многу подобра опција се дрвените закачалки.

No comments

Powered by Blogger.