Погледнете како од вселената изгледа овој одвоен леден брег со големина од 5.800 километри квадратни

Пишува: Точка

Џиновскиот леден брег кој се одвоил од гребенот Ларсен Ц, бил фотографиран од вселената, пренесува порталот "Space".

Брег со големина од 5.800 квадратни километри претставува 10 проценти од антарктичкиот леден гребен Ларсен Ц, од кој бил дел додека не се одвоил од него.



Сателитот "Aqua" на американската вселенска агенција НАСА го фотографирал новиот леден брег на 12 јули, со помош на термални мерачи, за да се разликува од мразот на отворено море. На фотографиите се гледа како брегот плови меѓу остатоци од Ларсен Ц во Веделското море.



Процепот кој довел до одвојување на брегот постои од 60-тите години од 20. век, но не се ширел до 2014. година, за пред десетина дена конечно да се одвои.



Научниците очекуваат дека ледениот гребен во претстојните месеци и години или постепено ќе расте или ќе продолжи да се распаѓа, до конечен колапс.



"Нашите модели велат дека гребенот ќе биде помалк стабилен, но секој иден колапс е години или децении далеку", истакнал за Space глациологот Адријан Лакмен од Универзитетот Свонси.

No comments

Powered by Blogger.