Хорор во Јемен: Криумчар намерно удавил 50 малолетни мигранти

Пишува: Точка

Како што пренесуваат западните медиуми, кои се повикуваат на извори од Јемен, криумчарот намерно ги исфрлил луѓето во морето.

Меѓународната организација за миграција соопшти денес дека околу 50 мигранти од Сомалија и Етиопија биле намерно удавени откако криумчар ги фрлил во морето во близина на брегот на Јемен, пренесува новинската агенција „АП“.

Оваа агенција која што работи во рамките на Обединетите Нации истакна дека ваквиот инцидент не само што е нехуман, туку е и шокантен во најмала рака.

Во соопштението се прецизира дека за време на рутинските контроли на плажите биле пронајдени телата на 29 мигранти закопани во плитки гробови и се претпоставува дека биле закопани од преживеаните мигранти.



Како што додава споменатата новинска агенција, криумчарот намерно фрлил во морето околу 120 мигранти додека се приближувале до јеменскиот брег.

За вкупно 27 преживеани мигранти била обезбедена помош, останатите побегнале, а 22 лица се водат како исчезнати. Нивната старост се проценува на околу 16 години во просек.

Тесниот морски предел меѓу „Рогот на Африка“ и Јемен е популарна рута за мигрантите, и покрај тоа што во Јемен има граѓанска војна. Мигрантите се обидуваат да го преминат морето и потоа продолжуваат кон Заливските земји богати со нафта.



„Преживеаните им кажале на нашите колеги на плажата дека криумчарот ги туркал во морето откако забележал дека е приближува некаков брод кон нивниот чамец во близина на брегот. Тие исто така откриле дека истиот криумчар веќе се вратил во Сомалија за да земе нови мигранти и повторно да ги однесе до Јемен по истата рута“, открива Лорен Де Бок од Меѓународната агенција за мигранција.

No comments

Powered by Blogger.