Топ избор за на плажа: 4 модни парчиња кои ги кријат сите мани

Колку и да вежбате, да се трудите, правилно да се храните, или, пак, да водите животен стил на кој би ви позавиделе и супермоделите, ќе се согласите дека првото соблекување на плажа - најчесто ѝ претставува мала ноќна мора на секоја жена.



За среќа, како дизајнерите, така и брендовите за висока улична мода, пронајдоа начини да се изборат со стравот што го зафаќа мнозинството жени во сезоната на годишни одмори.

Без оглед на причината – дали се стриите, целулитот, или, пак, стомакот – постојат четири модни парчиња кои се одличен летен сојузник за сите припаднички на понежниот пол, особено во првите „разголени“ денови.

Во продолжение, ви откриваме кои се тие, но и каква е актуелната понуда на популарните модни куќи на оваа тема:

1. Кимоно


Ништо не ви е повеќе потребно ова лето, а изборот е и повеќе од разноличен. Може да одберете суптилни еднобојни парчиња во нежни светли бои, што секако е подобар избор од темните модели, кои толку силно ги привлекуваат сончевите зраци, што ризикувате да се онесвестите, а тоа никако не е добра опција, зар не? Кој сака да доживее топлотен удар при одењето на плажа? Исто така, не треба ни да спомнуваме колку е голема понудата на цветни кимона по бутиците.


2. Туника



Туниките навистина не излегуваат од мода. Не е важно дали се работи едноставна бела туника која повеќе личи на кошула, или, пак, модел исполнет со орнаменти – овие мали летни спасители ќе прилегаат на сè. Добар избор се и проѕирните туники, но тогаш сепак станува малку побитно што што ќе носите под туниката. Доколку се одлучите за бела проѕирна туника, одлично ќе изгледа со црвен дводелен костим за капење.


3. Макси кошула



Наместо кимоно, можете да се одлучите и за сè попопуларните предимензионирани кошули како ваши летни модни сојузници. Тие мошне добро ги прекриваат стриите и целулитот, но затоа во прв план го ставаат струкот, кој може дополнително да се нагласи и со ремен или некаков појас, како и градите, кои со неколку откопчани копчиња, исто така ќе изгледаат сјајно.


4. Парео марама



По малку заборавеното парче, кое одново се враќа во мода, се и големите марами што може да се носат на повеќе начини. Може да ги стилизирате како топ, како здолниште, како марама на главата, врзана во турбан, или, како и да мислите дека најдобро ви стои. Со овој шарен летен аксесоар, имагинацијата навистина нема крај.

No comments

Powered by Blogger.