Оваа "баба" има 47 години: Светските медиуми пишуваат за неа! Мислат дека живее како во бајка, а таа зад насмевката крие голема трагедија

Пишува: Точка

47-годишната Жаклина е мајка, баба и блогерка, по потекло е од Србија, а поголем дел од својот живот го минала во странство, каде живее и сега. Жаклина е премногу атрактивна жена, а ја следат повеќе од 330.000 луѓе на Инстаграм.

Стилот го градела со години, а имала можност да живее во Полска, Швајцарија, Франција, а моментално живее во Италија.

За неа пишувале многу светски медиуми како "Daily Mail", "Cosmopolitan", "Metro", "The Sun", "Mirror"...Сите ја нарекуваат "баба авион", а многумина разбрале и за нејзината тажна животна приказна.

Жаклина покрај ќерката имала и син, кој загинал во сообраќајна несреќа во Белград, и тоа за Божиќ. Поради тоа, покрај секоја фотографија, ги става хаштаговите "сеќавање на Стефан" и "не побрзо од животот".

"Велат дека кога некој ти недостасува, тој некој веројатно го чувствува истото, но мислам дека не е можно јас да ти недостасувам на тебе, колку што ти ми недостасуваш на мене", е една од пораките која таа му ја посветила на Стефан.

No comments

Powered by Blogger.