Паѓал град 45 минути и ја опустошил земјата: Големите ледени топки убивале животни и целосно ги уништиле автомобилите


Пишува: Точка

Голем број на животни настрадале во бурата во северниот дел на Шпанија, а сликите од местото на настанот се прилично вознемирувачки.

На социјалните мрежи се појавиле фотографии и снимки од страшната бура која го зафати северниот дел на Шпанија, пренесува Daily Mail.

Големи парчиња мраз - колку голф топки - започнале да паѓаат со неверојатна јачина врз земјата токму поради големината. На видеото може да се види како топките мраз со сета сила се одбиваат од земјата, а сцената, најблаго кажано е апокалиптична.
Не е познато дали имало и повредени луѓе во ова невреме на 13-ти јули, но според фотографиите може да се процени дека материјалната штета е голема.

Голем број на животни исто така настрадале во оваа бура, а фотографиите се вознемирувачки.
Невремето најтешко го погодило градот Алмазан, недалеку од Аориа на север од Шпанија. Врнежите на град траеле 45 минути, по што речиси сите патишта биле блокирани.

Ситуацијата била толку тешка што на спасувачките екипи им била потребна зимска опрема за да ги исчистат патиштата.
Уште една бура овој месец го погоди Мисури на југ од земјата.

Погледнете го видеото:

No comments

Powered by Blogger.